ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ИМПРЕСИВЕН НАСТАП НА ХОРОТ „ГОРТИНИЈА“ ВО СКОПЈЕ

Хорот ГОРТИНИЈА имаше импресивен настап во салата на Филхармонијата во Скопје. Концертот беше посветен на јубилејот на Женскиот младински хор при МКЦ – Скопје, кој оваа година бележи импозантни 50 години успешна работа.
 
На големиот хорски настан на кој учествуваа најдобрите хорови од Македонија и гостински хорови од Полска, „Гортинија“ се претстави со композиции со различни музички стилови, композиции од домашни автори како и композицијата „Македонско оро“ од Тодор Скаловски најсложена и најоригинална хорска композиција, која, познатиот руски композитор Шостакович, ја коментира како „ремек дело на хорската музика од 20-иот век“.
 
Бројната публика во Филхармониската сала, во која имаше композитори, диригенти, претставници на министерства како и јавни личности од музичкиот и уметничкиот свет, го поздрави настапот со бурен аплауз и овации, оценувајќи дека Гортинија остави силен впечаток со својата интерпретација и стручната публика потврди дека се работи за еден од најдобрите хорови не само во Македонија туку и многу пошироко во регионот.
 
Диригентот Илија Атанасов, по концертот, меѓу другото изјави, дека Гевгелија има една од најуспешните уметнички институции, со огромен потенцијал, во чие развивање и унапредување мора да обрне малку повеќе и посериозно внимание.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.