ИДНАТА ПРЕМИЕРКА НА ИТАЛИЈА ЏОРЏА МЕЛОНИ ЈА РАСТРЕСЕ ЦЕЛА ЕВРОПА:

„ ЈАС И КОАЛИЦИЈАТА „БРАЌАТА НА ИТАЛИЈА“ ЌЕ БИДЕМЕ ПРОТИВ СИТЕ ОНИЕ КОИ ГО НАПАЃААТ НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН, РЕЛИГИОЗЕН, ПОЛОВ И ФАМИЛИЈАРЕН ИДЕНТИТЕТ!
„НЕ САКАМ ДА БИДАМ САМО БРОЈКА БЕЗ ИДЕНТИТЕТ И КОРЕНИ, ЗАТОА ШТО ТАКА СТАНУВАМ ПЕРФЕКТЕН РОБ НА ФИНАНСИСКИТЕ МОЌНИЦИ“
 
Од тинејџерска активистка која го фалеше Бенито Мусолини до идниот прв италијански премиер, Џорџа Мелони (45) имаше интересно патување, а 30 години подоцна ги донесе на власт своите „Браќа од Италија“.
 
Во јули 1992 година, како 15-годишна студентка, таа заѕвони на вратата на локалниот огранок на Младинскиот фронт, екстремно десничарско студентско движење во Рим, и побара да биде примена за да се приклучи на нивната „борба“.
Машките радикали ја пречекаа со чудење, но таа постепено го заслужи нивното прифаќање, преземајќи една по друга водечка улога.
 
Триесет години подоцна, како шеф на третата по големина економија на Европската унија, додека земјите на ЕУ се на работ на рецесија и беснее војна на нивните граници, Мелони ќе игра моќна улога во обликувањето на одговорот на блокот на овие кризи.
 
Прочитајте дел од нејзиниот „огнен “ говор, кој го одржа на Светскиот конгрес на поддржувачите на Фамилијата во Верона:
 
„Овде сме собрани да зборуваме за вредностите на една фамилија во развојот на секоја единка. Зошто некои во Европа ја сметаат фамилијата за непријател, или нешто од што треба да се плашат?
Одговорот е едноставен. Затоа што таа, фамилијата не идентификува нас. Фамилијата е нашиот идентитет.
 
Сето она што не идентификува како индивидуи сега е неприфатливо за оние кои не сакаат повеќе да имамесвој идентитет, туку сакаат да сме совршени консументски робови .
 
И, затоа тие го напаѓаат нашиот национален идентитет, нашиот религиозен идентитет, нашиот полов идентитет и нашиот фамилијарен идентитет.
Отворено велам дека јас сум против оние кои ми забрануваат да се дефинирам себе си како Италијанка, Христијанка, Жена и Мајка.
 
Според нив, јас треба да бидам граѓанинот X, полот X, родител 1, родител 2, бараат да бидам само бројка. Го бараат тоа затоа што кога ќе бидам само број, кога ќе немам идентитет или свои корени, тогаш ќе бидам супер роб во милоста на финансиските моќници. Перфектен консумент.
 
Тоа е вистинската причина зошто нашата коалиција внесува толку страв кај нив, затоа што ние не сакаме да бидеме бројки и ги браниме основните човечки вредности.
 
Затоа што секој од нас има свој уникатен генетски код, кој е непофторлив, и тоа е свето нешто. Ние ќе го браниме тоа, ќе го праниме Господ, ќе ја браниме нашата земја и нашата фамилија.
 
Ќе ја браниме нашата слобода и нема да дозволиме да бидеме робови на финансиските моќници. Тоа е нашата мисија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *