ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГУВЕРНЕРОТ НА ОХАЈО МАЈК ДЕ ВИН:

„ВИ ГО ЧЕСТИТАМ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА. МАКЕДОНИЈА Е МЛАДА ДРЖАВА НО СТАРА ЦИВИЛИЗАЦИЈА КОЈА ПОТЕКНУВА ОД АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ.“

Со оглед на тоа што, на 8 септември 1991 година, Македонија ја стекна својата независност од Југославија и стана суверена парламентарна демократија; и
Со оглед на тоа што, кога се одржа референдумот за македонската независност во 1991 година, учествуваа околу 76% од нејзините граѓани, а повеќе од 96% гласаа за; и
Со оглед на тоа што Македонија е единствената југословенска наследничка држава која независноста ја стекна на мирен начин; и
Со оглед на тоа што, Македонија е млада држава, но стара цивилизација, со археолошки докази кои укажуваат на антички Македонци кои живееле во регионот помеѓу 7000 и 3500 п.н.е.; и
Со оглед на тоа што, денес, Охајо е дом на повеќе од 100.000 Американци со македонско потекло; и
Со оглед на тоа што, помеѓу најпоснатите Американци со македонско потекло во Охајо биле браќата Кираџиеф, Том и Џеф, кој во 1922 година употеба рецепти од нивните родители и Баба и Дедо да го основат Синсинати Чили, кое беше прогласно како еден од 20 најиконски хранливи продукти во Америка во 2013 година од Смитсониан музејот, и
Со оглед на тоа што, браќата Кираџиеф го поседуваa и управуваa со Ресторанот „Cincinnati’s Empress Chili“, кој беше затворен во 1979 година кога синот на Том, Џо се пензионираше и го продаде ресторанот, и
Со оглед на тоа што, Денот на Македонската Независност во Охајо ќе се прослави со свеченост во Македонската православна црква Свети Климент Охридски во Авон и со фестивал во Македонската православна катедрала Света Богородица во Рејнолдсбург, и
ЗАТОА, ние, Мајк ДеВин и Џон Хастед, гувернер и поручник гувернер на државата Охајо, го признаваме
ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ
на овој 8-ми септември 2022 година

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.