ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ НОВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ

Гевгелија доби уште едно ново мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, со завршувањето на реконструкцијата на старото ракометно игралиште кај ДТВ „Партизан“. Целиот зафат беше извршен во рамките на проектот „Играј со Шампионите“ на Државната видеолотарија на Македонија и средства од Општинскиот буџет.
 
Реконструкцијата опфати уредување на теренот со тартан гумена подлога, голови, кошеви и нова ограда, за што од страна на донаторот беа вложени над 3.000.000 денари, додека за асфалтирање на старата подлога и подготвителните работи Општина Гевгелија издвои околу 1.200.000 денари.
 
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го предаде во употреба новото мултифункционално игралиште.
 
– Голема е честа за мене како Градоначалник, денес, да означам нов почеток на една стара гевгелиска приказна. Ова игралиште на ДТВ „Партизан“ буди многу спомени кај гевгеличани, познато како старото ракометно игралиште, каде се одиграни многу ракометни и кошаркарски натпревари. Како локална самоуправа, која и во иднина ќе инвестира во спортската инфраструктура, вложивме големи напори за обезбедување на сите предуслови за реконструкцијата на игралиштето, рече Сарамандов, изразувајќи ја својата благодарност до Државната видеолотарија на Македонија за нивната иницијатива и донација. 
 
Исто така, ја потенцираше и можноста за продолжување на соработката со Општина Гевгелија, од која би произлегле и други заеднички проекти од значење на граѓаните од општина Гевгелија.
 
Присутните ги поздрави и Игор Стефановски- Иџе, кој со години е дел од тимот на Видеолотарија „Казинос Австрија“ во улога на бренд-амбасадор, додека честа први да одиграат мини-натпревар во мал фудбал на новото мултифункционално игралиште, им припадна на најмалите членови на ФК „Кожуф“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *