ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА ВАНЕ ОД КУКЛИШ КОЈ НАСТАПУВА КАКО ЕЛВИС ВО ЛАС ВЕГАС, ПРИКАЖАН НА ФЕСТИВАЛОТ „AJB DOC FILM FESTIVAL“ ВО САРАЕВО

Документарниот игран филм „Сонцето не грее на сите страни” во режија на Глигор Кондовски беше прикажан на програмата AJB Industry, во рамки на фестивалот Ал Џазира Балкан, кој се одржа од 9 до 13 септември на фестивалот за документарен филм во Сараево, кој се одржа од 9 до 13 септември.
Документарецот е на „Револутион продукција“ од Скопје, режија и музика – Глигор Кондовски, директор на фотографија е Слаѓан Милошевски, продуцент Дејан Милошевски, а монтажата на филмот е на Иван Костадиновски.
 
-„Сонцето не грее на сите страни” кој е во селекцијата „Балкански ѕвезди“, ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли – Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш, кој заминува за Австралија. Сиромаштијата го тера главниот карактер да почне да се занимава со музика и така да заработува за живот. Приказната се одвива и во Австралија каде тој настапува како легендарниот Елвис Присли, но и во Куклиш за кој тагува и е носталгичен целиот живот.
Документарниот филм изобилува со музика, која му дава боја на филмот, преку неа гледачот се поврзува со Ване и ја чувствува неговата болка. Мотивацијата да се снима овој филм е универзалната приказна на иселениците кои од различни причини заминуваат од родната земја, но како што вели и Ване – каменот си тежи на своето, соопшти „Револутион продукција.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.