ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ДОКТОР ЕЛИЗАБЕТА ЛЕОНИД ПОПОВА РАМОВА, РОДЕНА ГЕВГЕЛИЧАНКА:

„КОИ ПРОДУКТИ ТРЕБА ДА ГИ ВНЕСЕТЕ ВО ИСХРАНАТА ЗА ДА ГО ЗГОЛЕМИТЕ ИМУНИТЕТОТ. КАЛИНКАТА Е ИЗВОНРЕДЕН ХЕРБАЛЕН ЛЕК.“
 
Доктор Елизабета Леонид Попова Рамова е медицинско лице и научник, родена 1962 година во Гевгелија. Основно и средно училиште завршила во Гевгелија, а дипломирала на Медицински факултет во Скопје 1987. Магистериум одбранила на Медицински факултет во Скопје на Катедрата по физикална терапија додека 2010 година докторирала на Медицинскиот факултет во Ниш, Република Србија на Катедрата по физикална медицина и рехабилитација. Во моментот е професор на Колеџот за козметологија и физиотерапија на МИТ универзитетот во Скопје. До сега кај нас и во странство има објавено над 200 трудови од областа на физикалната медицина и рехабилитација.
 
 Во последно време во нејзиниот научно истражувачки фокус се наоѓа Физичката активност и исхраната кај различни возрасни групи во превенцијата и третманот на болестите.
Го искористивме нејзиното присуство во Гевгелија, да поразговараме за значењето на исхраната во борба, не само против ковид 19, туку и против сите вируси кои го напаѓаат нашиот имунитет.
 
Исхраната, според Попова, е основна карактеристика на животот. Човекот, како единственото свесно битие во биосферата, со милениуми собира знаење за себе и за неговата околина и заклучува дека за него и неговите потомци, исхраната е од огромно значење. Здравјето, работата и репродуктивната способност, должината и квалитетот на животот на човекот во голема мера зависат од исхраната. Храната му дава на човечкото тело структура, функција, регулатива, одбрана и здравје. Храната може да предизвика и болест ако е неправилна или нехигиенска.
 
Доктор Попова најнапред истакнува дека токму начинот на исхраната и физичката активност се најголемите непријатели на сите болести и вируси. Некои болести може да се наследат генетски и на нив не можеме многу да делуваме, но, вели доктор Попова, можеме да делуваме на некои болести кои се добиваат од нездравиот начин на исхрана и недоволната физичка активност.
 
Генерално, во нашата исхрана треба да внесуваме хранливи супстанции кои содржат фитохемикалии кои пак делуваат на сите вируси на три нивоа, и тоа, прво, спречуваат тој, тие да се лепат за клетките, второ, ја разоруваат нивната мембрана и трето, доколку вирусот влегол во клетката, не му дозволуваат тој да се размножува.
 
Пред се, таа го посочува чајот од жалфијата, или таблети од жалфија, како фитохемикалија која делува биостатички во третманот на вирусоите. Потоа корисен е и цинкот, а него го има во рибата. Куркумата, која е веќе влезена во нашиот начин на исхрана исто како црвениот пипер, делува врз заболувањата нна црниот дроб, врз холестеролот и е „убиец“ на болки, нешто слично на бруфенот.
 
Корисно е да се консумира ѓумбирот во исхраната а интересни лековити својства има каранфилчето. Тоа во стоматологијата се користи како дезинфекционо средство за усната шуплина, а има во себе супстанца која делува во борбата противвирусите.
Доктор Попова го истакнува и бозелот како еден вид антивирусен суплемент, но не сокот од бозел, туку исушените зрнца од неговиот плод кој се користи против сите видови вирусни инфекции. Тука, таа ги спомнува и лимоновото масло кое се добива со блендирање на целиот лимон, со корупката и семките., циметот, кантарионот, кој има јако вирустатично дејство, листот од црница, мајчината душичка.
Кај нас, сепак е најраспространето конзунирањето на лукот, црвената и жолтата пиперка, кои треба да се јадат свежи, како и пиењето на зелен чај.
 
Доктор Попова, како гевгеличанка, сепак, истакнува едно растение кое го има во јужните краеви, како Гевгелија, а кое е извонреден хербален лек. Тоа е калинката.која е извонредна во лекувањето на ХИВ или Сидата, сегмент кој е содржан вирусите и затоа таа препорачува калинката што повеќе да се одгледува во нашите краеви и да се консумира.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.