Германското здружение на градови и општини ги повика жителите на мобилизација поради претстојната длабока криза
Здружението објави листа на резерви што секое домаќинство треба да ги има при рака во случај на прекин на струја, вода и гориво.
– Постои опасност од прекин на електричната енергија. Неопходно е однапред да се подготвиме за реални кризни ситуации – изјави за „Велт ам зонтаг“ извршниот директор на Германското здружение на градови и општини, Герд Ландсберг.
Притоа се објаснува како правилно да се складираат резерви за итни случаи, за десетдневно основно снабдување со пијалаци и храна за едно лице. Ова одговара на околу 2.200 килокалории дневно и затоа обично ја покрива вкупната потреба од енергија:
20 литри вода (или само вода од чешма);
3,5 килограми жито, производи од жито, леб, компири, тестенини и ориз;
2,5 килограми овошје (во лименки или тегли) и јаткасти плодови;
4 кг мешунки и зеленчук (во лименки или тегли);
2,6 килограми млеко и млечни производи;
1,5 кг риба, месо и јајца или цели јајца во прав (јајцата се ограничени, целото јајце во прав има рок на траење од неколку години);
0,4 килограми маснотии и масло.
Храна што не треба да се загрева или готви (шеќер, мед, чоколадо, брашно, инстант супа, тврди колачиња) – количество по желба.