ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВ. СИМЕОН СТОЛПНИК : ЗАПОЧНУВА ЦРКОВНАТА НОВА ГОДИНА И ЕСЕНСКАТА СЕИДБА

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелиско на овој ден береле црни метли и памук и го сметале за лесен празник.
На овој празник започнува црковната нова година. 
 
Според верувањето и светците се раководеле по овој календар. Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија имаат и многу заеднички елементи, а тоа е пеењето на семето во црквата од страна на свештеникот, разните магиски заштити за богат род и чисто жито и сл.
 
Именден празнуваат: Симо, Симеон, Симонка, Симон, Симона, Симка…
 
Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.
 
На први септември според стариот календар (или на 14 септември според новиот) започнува црковната година, а во народот овој ден се смета за голем земјоделски празник. Тоа најповеќе се манифестира со обичаите и верувањата поврзани со започнувањето на есенската сеидба. Се верува дека откако е собрана летнината завршен е еден годишен циклус и започнува друг со првата есенска сеидба.
 
Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на преподобниот Симеон Столпник кој умрел на 1 септември 460 година на 103 годишна возраст.
 
Сакајќи што повеќе да се доближи до Бога изградил висок столб на кој минал подолго време во пост и молитви поради што е наречен Столпник. За тоа време кај столбот два пати доаѓала мајка му и го молела да слезе за да се видат, но тој сметал дека не треба да ја прекинува молитвата и не слегувал.
 
Во близината на столбот се собирале луѓе кои ги слушале неговите молитви и присуствувале на чудата што се случувале по молитвите (лекување болни и сл.), така што тој уште за време на животот бил сметан за светец.
 
Очигледно е дека празникот Свети Симеон и Црковната Нова Година имаат значајно место во нашиот народ. Започнувањето на есенските земјоделски работи коишто за нашиот човек значеле и егзистенција, секогаш биле проследени со многу обичаи, верувања и магиски заштити што имале цел да обезбедат богат род на земјоделските култури.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *