ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЧЛЕНОВИ НА ЗПСК „КОЖУФ“ УЧЕСТВУВАА НА 8-ОТ МЕЃУНАРОДЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ГОЛАК 2022“

Планинарскиот спортски клуб ГОЛАК Делчево, во соработка со Федерацијата за планинарство и Општина Делчево, на ден 11 септември 2022 година (недела) го организираше 8-миот традиционален планинарски марш „Голак 2022“.
 
Во рамки на маршот учествуваа и планинари на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, како и планинари од повеќе планинарски друштва од земјава и од Бугарија.
 
Од Бугарија учествуваа друштвата Осогово од Ќустендил и Рилски Турист од Самоков (Р.Бугарија). Од Македонија учество зедоа планинари од планинарските друштва Бистра, Скопје, Даб, Дојран, Лисец, Штип, Национални шуми, ГОЛАК Делчево, како и планинари од Зрновци, Берово и Делчево.
 
Маршот, по идеални временски услови, започна од град Делчево на 595 метри надморска висина, потоа планинарите се движеа низ месностите Ветровити Рид, Богородичка Полјана, Милосова Чешма, Стари Голак, Спортски Терени Врв Чавка и Врв Мала Чавка (Св.Пантелејмон) на 1508 метри надморска висина. 
 
Потоа тие се вратија по друга патека со што се заокружи маршрутата во вкупна должина од 24 километри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.