АТАНАС ЕПОВ ПРВ НА 5,1 КИЛОМЕТАР, ТОДОР АНЧЕВ ВТОР ВО КАТЕГОРИЈА НА 19,1 КИЛОМЕТАР, ДАРКО ПРОШЕВСКИ ТРЕТ ВО КАТЕГОРИЈА НА 5,1 КИЛОМЕТАР

ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НА „ТРКАТА НА ЗДРАВЈЕТО“ ВО ЛУТРАКИ И АРИДЕА
 
Единаестмина атлетичари на АК „7-Ми Ноември“ денеска беа учесници на 3-та по ред трка насловена како „Трка на здравјето 2022“. Стартот на трката беше на влезот на Лутраки, додека целта на плоштадот „Ангели Гатсу“ во Аридеа.
 
И овој пат гевгелиската атлетичарска експедиција се враќа со одлични резултати од Република Грција.
Во трката на 5,1 километар првото место го освои Атанас Епов, додека Дарко Прошевски беше втор во својата категорија. На оваа трка настапија уште Никола Нанчев и Славица Танева, кои постигнаа солидни резултати
 
Во трката на 19,1 километар Тодор Анчев беше втор во својата категорија, а на истата успешно настапија уште и Драган Ристов, Игор Коцевски, Никола Нанчев, Живко Петков, Мијалчо Андоновски и Диме Андонов
 
Трките беа во организација на С.Д.Ј. Алмопија, во коорганизација со Регионалната единица Пела , Општина Алмопија , ДИКЕ Алмопија и Општинската корпорација на бањи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *