АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ ОВОЈ ВИКЕНД ЌЕ УЧЕСТВУВА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „РАДОВИШКИ САБОР“ ВО РАДОВИШ

WEB Телевизија во живо

Од денес, четврток, 29 септември, во Радовиш стартува меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“ додека од утре, петок, 30 септември „Самун ем татлија“. Станува збор за нова и традиционалната манифестација која ќе понуди многу фолклор, забава но и уживање во вкусот на радовишкиот сомун и татлија.
 
Во склоп на оваа манифестација, ќе се одржи и Меѓународниот фестивал „Радовишки сабор“, на кој ќе настапи и Ансамблот „Бојмија“. Тие пред љубителите на фолклорот ќе настапат со сценската поставка „Седенка“, на музика на Трајко Прокопиев и во кореографија на Глигор Василев.
 
Покрај нив, на овој фестивал ќе се претстават и домаќините ФА „Ацо Караманов“, ФА „Дионисиус“ од Солун, Република Грција, ФА „Веселие“ од Симитли, Република Бугарија, ФА Центар Жупа“, турски ансамбл од Македонија, КУД „Извор“ од Јегуновце, КУД „Масуна“од Велика Плана, Република Србија и Фолклорното студио „Блажевски“ од Скопје.
 
Двете манфиестации се под покровителство на Општина Радовиш а сите случувања ќе бидат на локацијата пред Центарот за култура Ацо Караманов посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *