32 ГОДИНИОД ОД ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ ЗА ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО ГЕВГЕЛИЈА.

WEB Телевизија во живо

После четири блокади на граничниот премин Богородица на 16 април, 19 мај, 21 јуни и 24 октомври 1990 година, во организација на Здружението на занаетчиите на Гевгелија за укинување на визите со Грција заради слободен протек на луѓе идеи и капитал и решавање на прашањето за положбата и правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, а по одлука на собранието на блокадата на 21 јуни 1990 година за свикување Светски Македонски Конгрес, на 15 септември 1990 година во Гевгелија е одржано основачко собрание за возобновување на Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, кој претставува прва и единствена македонска меѓународна невладина организација. 

Светскиот Македонски Конгрес е формиран 1899 година во Женева, Швајцарија! За прв претседател на Светскиот Македонски Конгрес во 1990 година е избран Тодор Петров, роден 1960 година во Гевгелија. Светскиот Македонски Конгрес ја врати античката историја на Македонија, а на предлог на Тодор Петров како независен пратеник во првото повеќепартиско Собрание, шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа како симбол на Македонската Империја е утврдено за симбол на државното знаме на суверена и самостојна држава Македонија на седница на Собранието на Република Македонија одржана на 11 август 1992 година.
 Под притисок на Атина во Европската Унија, по претходна грчка блокада на границата со Македонија од 1992-1995 година, а врз основа на Времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година, Собранието на Република Македонија го смени државното знаме на седницата одржана на 5 октомври 1995 година.

 Во измиантите 30 години, Светскиот Македонски Конгрес ги мобилизира Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет за нивните човекови и граѓански права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации. Формирани се Европски Македонски Конгрес, Американски Македонски Конгрес, Австралиски Македонски Конгрес, Азиски Македонски Конгрес, Африкански Македонски Конргес и Канадски Македонски Конгрес, Светски Македонски Младински Конгрес, регистрирани се голем број македонски заедници во речиси 60 држави во светот. Светскиот Македонски Конгрес има постојани мисии при Обединетите Нации во Женева и Њујорк, ОБСЕ во Виена, ЕУ во Стразбур, Советот на Европа во Брисел и Арапската Лига во Каиро. СМК во 1992 година го издаде првиот светски македонски неделник “Македонско сонце“ чиј донатор беше Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. СМК во 2017 година го изгради Македонскиот крст во општина Аеродром, СМК ја организира Светската Македонска Средба во Трново Битола која 2021 година го има својот 50 годишен јубилеј заедно со Матицата на иселениците од Македонија и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН. 

СМК помогна во добивањето македонско државјанство за илјадници Македонци во целиот свет. СМК заедно со Сојузот на Македонците од исламска вероисповед ги организира Меѓународната кофнеренција за Гора на тромеѓата меѓу Македонија, Косово и Албанија и Балканската конференција на Македонците со исламска вероисповед. Со блокадата на граничниот премин Блаце во 2001 година СМК го анимира светското јавно мислење дека жртви во војната 2001 се Македонците насилно прогонети од тетовско-полошкиот, скопскиот и кумановско-липковскиот регион, изнуди ослободување на 17 киднапирани Македонци! 

СМК има три фондации и триесетина работни тела, изборните генерални собранија ги одржува на четири години, а годишните генерални собранија секој август во годината. Годинава Светскиот Македонски Конгрес одбележа 30 години од возобновувањето во Гевгелија и 121 година од формирањето во Женева. СМК службени канцеларии има во зградата на Матицата на иселениците од Македонија во Скопје.

Секогаш може и повеќе и подобро. Но и покрај се’ и после се’, борбата до победа и слобода за Македонија и за Македонците продолжува!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *