26-ТИ СЕПТЕМВРИ – ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

WEB Телевизија во живо

Денеска Европа го слави денот на јазиците, празник воведен во 2001 година кога милиони луѓе од 45 земји го прославиле. Советот на Европа на својот вебсајт ги подредува јазиците меѓу кои под ознаката „мк“ е наведен и македонскиот како дел од европската лингвистичка разноликост.
 
Македонскиот литературен јазик, кој е кодифициран во 1945 година станал официјален дел од јазиците на Обединетите Нации од 1977 година. Тогаш, на конференција на ОН која се одржува во Атина во посебен документ се признава јазикот и неговата посебност.
 
Ова се смета за широко интернационално признавање на јазикот, а бидејќи документот на ОН бил преведен и на грчки, некои сметаат дека токму во тоа време грчките власти го признале македонскиот јазик. Тоа е времето на Костас Караманлис, основач на Неа Демократија, партијата која денес е на власт во земјата.
 
Инаку, низ цела Европа, 800 Милиони Европејци, застапени во 47 земји – членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштата. 
 
Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *