22 СЕПТЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

WEB Телевизија во живо

ГРАДОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ЛУЃЕТО А НЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ
 
Во еколошкиот календар, 22 септември е запишан како СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ. Автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот. Тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа. За да се заштити околината од штетните издувни гасови што ги испуштаат автомобилите, како и големата бучава што ја создаваат, сите треба да го избегнуваат превозот со нив.
 
Како дел од Европската недела на мобилност ширум светот се одбележува Светскиот ден без автомобили. Овој ден има цел да ја крене свесноста кај возрасните за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење и велосипедизам). Одберете алтернативен начин на превоз секогаш кога ќе можете.
 
Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *