ВО СТОЈАКОВО ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ БЕШЕ ОТВОРЕНА МУЗЕЈСКА ПОСТАВКА „ДИМИТАР ЌОРНАКОВ“

WEB Телевизија во живо

Во просторите на Домот на Културата во Стојаково пред две години беше отворена музејска поставка посветена на Стојаково и на Првата Светска Војна. Во соработка со Општина Богданци поточно со одделението за Локален Економски Развој и, посебно со личниот ангажман на Никола Шелдаров, кој заедно со Виктор Лилчиќ се автори на легендарната историско-нумизматичката студија, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија, како и на ЗГОР 25-МИНА од Стојаково, со минимални средства се успеа да се подготви оваа музејска поставка.
 
Истата е посветена на починатиот професор, Д-р Димитар Ќорнаков, голем познавач на средновековната археологија и резбарството во Македонија.
 
Во првиот дел од музејот или собата посветена на Стојаково, се поместени фотографии и предмети кои потсетуваат на некогашниот живот во ова прекрасно населено место. Во втората половина од музејската поставка се поместени предмети кои во Стојаково биле користени пред и за време на Првата светска војна, како и фотографии и оружје од Првата светска војна, од таканаречениот Македоскиот фронт. Тоа се позиците, каде се одвивале борбените дејствија во Првата светска војна, од Гевгелија до Беласица познати во историја како Дојрански позиции или Вардарски фронт кој се протегал од Гевгелија преку Богородица, Стојаково,Селемли, Големо брдо,Карабалија, Дојран, па се до Беласица.
 
Посебно место во овој музеј, зазема поставката посветена на тројца познати стојачани, проф. Д-р Анго Пеев, Д-р Димитар Ќорнаков, и Ристо Стамков, кој со својот трудови и љубовта што ја носеа со себе кон Стојаково засложуват да се најдат во оваа музејска поставка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *