ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

УЧЕНИЦИТЕ ОД ШКОЛАТА ЗА ГИТАРА НА КОСТАДИН ДИНЕВ СО СВОЈОТ ПРВ НАСТАП ПРИРЕДИЈА СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО НА МНОГУБРОЈНАТА ГЕВГЕЛИСКА ПУБЛИКА

„За мене, оваа школа беше слатко задоволство, затоа што можев да им го пренесам моето знаење на младите од Гевгелија, а знаеме дека на овие простори секогаш имало и ќе има добри музички таленти.
 
Се надевам дека и некој од младите гитаристи кои настапија вечерва, во иднина ќе станат и професионални музичари и ќе го продолжат она што се нарекува „гевгелиска рок школа“, изјави на крајот од концертот гордиот наставник, Костадин Динев.
 
Синоќа, платото пред Народнот театар во Гевгелија одекнуваше од звуците на младите гитаристи, кои изминатите пет месеци вредно вежбаа под будното око на нивниот наставник, басистот на една од најдобрите македонски рок групи-„Зијан“. На својот прв настап пред публиката, со изведба на домашни и странски популарни песни, тие ги разгалија срцата на присутните и докажаа дека трудот што го вложиле, доколку продолжат да вежбаат, ќе резултира со појава на некој нов гитарски идол на македонската музичка сцена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.