ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ТРЕТИОТ ЗИДЕН МУРАЛ НА МИЛЕ НИЧЕВСКИ Е ПОВРЗАН ДЕЛУМНО СО РАКОМЕТОТ НО Е И СИМБОЛ НА МИРОТ; ИЗОБИЛСТВОТО; СРЕЌАТА И ЗДРАВЈЕТО

Третиот зиден мурал во низа на визуелниот уметник Миле Ничевски, на просторот на општина Гевгелија во последните три години, беше завчера претставен на зидовите на ракометното игралиште.

Затоа се претставени две раце, кои симболизираат одбрана во ракометот. Сите три се “site specific“ уметнички дела, шо би се рекло поврзани со местото и просторот..а и времето во кои се настанати.

Првиот мурал (Кисс/Бакнеж) нарачан од Бош фест е карши детското игралиште на центарот на градот, точно спроти фонтаната, до пролазот меѓу поранешно Житко и “Плавцата зграда“. Вториот, нарачан од Акто Фестивал за современа уметност се наоѓа карши Градскиот Музеј (Ноќно Оро или И уф арно и уф лошо кумшијата е тука).

Третиот, овој чија промоција беше на 9 август, наречен “Моето парче од универзумот“ е во стварноста диптих, составен од два посебни мурали, и кој е изработен и промовиран во склоп на Гевгелиското културно лето организирано од Дом на култура и Општина Гевгелија.
 
Се работи за дводелна композиција сработена на зидот на ракометното игралиште. Како и претходните мурали и овој е пооврзан со просторот во кој се наоѓа.. Како предлошка композициска земена е познатата митолошка амајлија “Раката на Хамса односно раката на Фатима“, познатата амајлија од блискиот исток т.е од арапскиот свет (арапски: Хамса – пет), се користи како симбол на заштита од негативни енергии, носи мир, изобилство, просперитет, плодност, среќа и здравје. што може да се протолкува односно преведе и ко “Гими фајф“ или стори вака“), потоа авторот ја равива приказната во нему само позната насока. Некој би рекол дека 5-те елементи се присутни и ко некаков акцент дефилираат низ целата приказна. Можеби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.