СЕ ПРЕДЛАГА НОВО КРИВИЧНО ДЕЛО „ЕКОЦИД“, ЗА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА КОИ НАНЕСУВААТ ШТЕТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

WEB Телевизија во живо

Главата 25 од предложениот нов Кривичен законик на Министерството за правда, во Кривични дела против животната средина и природата, предвидува сериозни затворски казни за загадувачите, а докажувањето на загадување на воздухот, на водата, на почвата, природата, со новите измени се упростува.
 
Досега проблем за инспекторите за животна средина, а понатаму и на органите на прогонот, беше да се докаже точно колкаво е загадувањето. Сега при откривањето и казнувањето ќе биде доволно да се утврди ‘загадување повеќе од дозволеното’, со што постапката се олеснува.
 
Македонија за првпат ќе воведе кривично дело „екоцид“, а обвинет сторител за ова дело ќе се соочи со затворска казна од 10 години до доживотен затвор.
 
„Тој што спротивно на прописите, со намера да предизвика штета на животната средина, ќе преземе дејствие или ќе пропушти да преземе дејствие поради кое ќе настане сериозна или широкораспространета или долготрајна штета на животната средина, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор“, стои во новиот Кривичен законик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *