РОЛИНГ СТОУНСИ ВО БЕРЛИН СИНОЌА ЈА ЗАВРШИЈА СВОЈАТА 60-ТА ТУРНЕЈА ПОСВЕТЕНА НА ЧАРЛИ ВОТС

WEB Телевизија во живо

Ролинг Стоунс ја завршија својата 60-та турнеја со концерт во средата во Берлин каде му оддадоа трогателна почит на починатиот тапанар на групата Чарли Вотс, кој почина пред една година на 80-годишна возраст.Легендарните британски рокери на 1 јуни ја започнаа европската турнеја во Мадрид, по повод одбележувањето шест децении постоење.
Наречена „Шеесет“, турнејата опфати 14 концерти во Европа и ја следеше турнејата „Без филтер“, која Стоунс ја започнаа во 2017 година, но мораа да ја одложат поради пандемијата, но ја завршија и покрај смртта на Вотс минатиот август.
 
Концертот во средата беше 118-то појавување на групата во Германија, изјави фронтменот Мик Џегер пред публиката во отворениот амфитеатар во Валдбуне во шумата западно од Берлин.
Стоунси своето последно европско шоу му го посветија на Вотс, а 79-годишниот Џегер на толпата од 22.000 луѓе им кажа дека испиле неколку чаши „шнапс“ (ракија) во чест на Вотс вечерта пред концертот.
 
Свиреа повеќе од два часа непрекинато, изведувајќи познати хитови, но и понови, честопати вклучувајќи ја публиката во изведбата, на пример во „Midnight Rambler“ кој траеше 10 минути.
Тие ги изведоа и нивните класици „Start Me Up“, „Paint it Black“, „Jumpin’ Jack Flash“ и „(I Cant Get No) Satisfaction“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *