РАКОМЕТНИТЕ КАДЕТИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЕХФ ШАМПИОНАТОТ ВО ЛЕТОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Гевгелиските млади ракометари, порано играчи на „Партизан“ а сега на скопски „Алкалоид“, браќата Тодор и Димитар Узунчеви настапуваат на ЕХФ шампионатот кој се игра во Летонија. 

Тодор на двата меча, против Турција и Косово постигна по пет голови, додека Димитар имаше пех да се повреди на првиот натпревар, против Турција и најверојатно нема да игра до крајот на првенството. 

Инаку, машката кадетска репрезентација на Македонија се пласира во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Летонија, откако славеше против Косово со 39-16. 

Претходно беше совладана и Турција со високи 34-19. Со четири бода на два меча Македонија е сигурен полуфиналист и попладнево ќе се бори со домаќинот Летонија за првото место во групата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *