ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА Е ПРЕД ВРАТА, РОДИТЕЛИТЕ ЗАГРИЖЕНИ, УЧИЛИШНИОТ ПРИБОР ПОСКАП ЗА 50 ДО 60 ОТСТО.

Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почна да ги фаќа паника. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од лани, оваа година цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти.

За опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари.

Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот.

За учениците од второ до деветто одделение трошоците се за нијанса помали, велат од книжарниците, затоа што можеби учениците се уште имаат материјали од минатата година и можеби нема да купат нов ранец.
 
Најголем скок на цените има кај тетратките што, според книжарниците, се должи на поскапувањето на хартијата. Ако цената на една мала тетратка пред пандемијата била 10 денари, сега за истата тетратка се плаќа двојна сума односно 20 денари. Поквалитетните тетратки кои пред пандемијата можеле да се купат по цена од 30 денари, сега се поскапи за 33 до 50 отсто односно нивната сегашна цена се движи од 40 до 45 денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.