ПО СКЛУЧУВАЊЕТО НА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ВО 1913 ГОДИНА СРПСКАТА ВОЈСКА ГО ЗАПОСЕДНАЛА ГЕВГЕЛИСКИОТ КРАЈ И ГИ СМЕНИЛА КМЕТОТ ВЛАДИМИР ДИМИТРОВ СО ПОМОШНИЦИТЕ МИРЧЕ ДИМИТРОВ И АБДУЛАХ СЕЛИМОВ.

WEB Телевизија во живо

По склучувањето на Букурешкиот мировен договор на 10 август 1913 г. српската војска ги запоседнала и териториите на Царевоселска, Малешевска, Дојранска, Валандовска и Гевгелиска околија.
 
Првите чекори за денационализација на македонскиот народ од страна на српските воени власти и четничките формации, на просторот на југоисточна Македонија, биле преземани во реонот на Велес, Тиквеш, во Гевгелиско, Валандовско, Дојранско, во Овче Поле и во Злетовскиот Крај.

Во Гевгелија и Дојран се случува истото. Овие два града се ослободени од страна на четите на: Аргир Манасиев, капетан Тодоров, Ичко Димитров, Михаил Радев, Тане Николов и од страна на месната милиција која била меѓу најбројните во Областа. По ослободувањето во градовите и во селата на Околијата била конституирана месна власт. Во Гевгелија за кмет на градот бил избран Владимир Димитров, со помошниците: Мирче Димитров и Турчинот Абдулах Селимов. Во декември 1913 г. во Гевгелија доаѓа српска војска и ја растура месната власт, а место неа воспоставува српска администрација. Српската војска истото го направила и во: Богданци, Стојаково, Сермвнин, Конско, Ѓавато, Фурка, Групчиште и во другите населени места на Околијата од десната и од левата страна на Вардар.

Новите српски управувачи, за да се одбранат од масовното навлегување на четите на ВМРО издавале наредби да се палат овчарските колиби и трла по планините. Ваквата безбедносна мерка на српските воени и цивилни власти, најблаго речено, го докусурила сточарството во Областа.

Меѓу првите, против бесмислената безбеднсона мерка на српските господари кренале глас селаните од селата Серменин, Конско, Моин и Петрово, Гевгелиско. Тие упатиле молба до Министерот за внатрешни работи на Кралството Србија, во која укажуваат на последиците за развојот на сточарството во нивните села, доколку не се стави вон сила заповедта на околискиот началник од Гевгелија, за опожарување на овчарските колиби и трлата. Потписниците истовремено земаат обвр ска дека нема да дозволат нивните колиби да се користат од никого и нагласуваат: „Во турско време да ја кажеме вистината, комитите доаѓаа во колибите, но денес даваме чесен збор, дека нема да дозволиме, р’ѓосан човек и комита да влезе во нашите планини и села … Дека ќе се прндржуваме на дадениот збор гарантираме со имотот и нашите животи”.
 
(Молба од група сточари од селата: Серменин, Конско, Мони и Петрово, Гввгелиско, од 12. I. 1914 г. Молбата е потпишана од Трајче Костадинов, Хр. Николов, Гл. Трајков, Хр. Коцев, Танe Божинов, Јован Крстев, Петров, Стојко Јованов, Дим. Попов, Јов. Јованов, Темелко Митров, Петко Смилев, Ризо Георгиев, Петко Иванов)
Молбата на селаните не била прифатана. Овчарските колиби во Гевгелискиот, Царевоселскиот, Малешевскиот и во другите краеви, во најголем број биле опожарени.
( Од Монографијата- Гевгелија,130 години град)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *