ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ СО СВЕТЛОСЕН ПЕРФОРМАНС НА ФЕСТИВАЛОТ „SKOPJE LIGHT FESTIVAL“

WEB Телевизија во живо

Гевгелискиот ликовен уметник Перо Кованцалиев е еден од повеќето учесници на Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL, настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации низ централното подрачје на Скопје од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси ќе се претстават на посетителите
Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е рефлексијата која не поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат, пред таа да удри во некое тело.
 
Инсталацијата на Кованцалиев „Бисерно непознато“ создава визуелни вибрации од површински бранувања и треперења, одраз на убавото и непознатото.
На овој петти по ред дводневен фестивал, покрај светлосни инсталации и перформанси,се најавени и чил зона, диџеи и многу интеракција на различни локации низ централното подрачје на Скопје.
 
Учество ќе земат авторите Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев, Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска-Гиразова, Елизабета Тошевска, Перо Кованцалиев, како и учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски”.
Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *