НАСКОРО ОБЈЕКТОТ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО НОВО РУВО

WEB Телевизија во живо

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Д-р Саит Саити оствари работна средба и посета на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија.
 
На работната средба присуствуваше и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, при што заедно со Секретарот на ООЦК Гевгелија, Лазар Мешков и изведувачите на проектот извршија увид на теренските активности за реконструкција на објектот на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија.
 
“Заложбите за враќање на вистинското светло на Црвениот крст во градот се веќе дела, а наскоро можеме да го очекуваме повторното враќање на Црвен крст Гевгелија во новите модернизирани простории.” – истакна Секретарот на ООЦК Гевгелија, Лазар Мешков.
 
Во целокупната реализација на проектните и тековните активности своја поддршка даде и Општина Гевгелија предводена од градоначалникот, Андон Сарамандов.
Младите се на потег, придружи сѐ и ти!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *