НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1951 СЕ УБИЕНИ ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ. НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА

WEB Телевизија во живо

13 Август 1951 година, сведочи за еден громорозен чин во кој беа убиени златни деца… Златната струмичка петорка, позната и како Струмичката петорка или петте струмички студенти.
 
Приказната за петте струмички студенти е приказна за една предвреме згасната младост, приказна за една љубов, кон нивните девојки, но пред се кон Македонија, приказна за нова голгота со трагичен крај.
 
Тие биле убиени блиску селото Орманли на планината Беласица, до границата кон Грција. Тогаш се убиени, Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Млади луѓе, од 20 до 23 год. старост.
 
Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Идеја која не и се допаѓала на тогашната власт.
Убиени се со по два куршума, еден во градите, еден во челото.
 
Вечерта, тие се собрани од игранка во Градскиот парк, однесени се на Беласица, и – егзекутирани.
Нивните мртви тела покриени со шаторски крила, следниот ден биле донесени пред Општинското собрание, од каде во присуство на нивните семејства се погребани, освен Борис Белев кој е закопан во протестантските гробишта, сите биле погребани надвор од гробиштата.
 
Сите тие потекнувале од угледни градски семејства. По убиството се прогласени народни непријатели.
Семејствата веднаш по настанот им изградиле споменик од бел мермер во вид на отворена книга на кој пишувало дека се УБИЕНИ.
 
Набрзо, споменикот е искршен на парчиња, …, и се подигнува нов, бетонски… За на властодршците да не им боде очите и пак да го урнат.
Денес, околу гробот стојат неколку парчиња од првобитниот споменик.
 
Тој настан беше табу тема се до 1991 кога прв пат се одржа парастос за покој на нивните души.
Во 2001 во малиот парк карши Собранието на општина Струмица беше подигнат и споменик кој во својот долен дел е отворена книга од бел мермер на која се запишани нивните имиња.
 
Таму е поставен со одредена симболика. Оттаму почнува улицата на која сите тие живееле, од која за последен пат излегле заедно.
Вечна им слава

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *