МИХАИЛ ТОДОРОВ, ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА ОД БОГДАНЦИ: „ОТВОРАЊЕТО НА БУГАРСКИ КЛУБ „ЦАР ФЕРДИНАНД“ ВО БОГДАНЦИ Е ПРОВОКАЦИЈА КАКО И КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ МЕНЕ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА.„

WEB Телевизија во живо

Откако е поднесена пријава против Михаил Тодоров од Богданци, член на партијата Левица, го побаравме Михаил да ни каже како го доживува сето ова.
 
„После делот во Договорот за добрососедство каде што претставувањето и потсетувањето на фашистичките злодела ќе биде квалификувано како говор на омраза ова е сосем очекувано, ни кажа Тодоров.
 
Воопшто не сум „потресен“ од лицето Виктор Стојанов кој се претставува како претседател на фондацијата ,,Македонија” и еден од водачите за бугаризација на Македонија, кој поднел пријава против мене до Министерството за Надворешни Работи, поточно до Бујар Османи, со цел преку ЈО на РМ да се отпочне постапката за цензура како и да се поднесе кривична пријава
Основата за оваа пријава му е мој пост од пред 20-тина денови, кога лично го изнесов моето мислење и противење за отварање на бугарски клуб ,,Цар Фердинанд” во Богданци.
 
Напротив , таа фондација точно стои позади формирањето на сите бугарски клубови кои се формираат во Македонија.
Јас останувам на ставот ,,Смрт на фашизмот, слобода на народот” .
 
Како прво, овој бугарски цар нема никаква допирна точка со историјата на мојата општина Богданци.
Од таму сметам дека оваа провокација но со цел – бугаризација на Македонија и Богданци треба да се спречи.
Методи за тоа има повеќе и во периодот што следи ќе ги соопштиме.
 
Народе мој, бугаризација пред очи ни се случува, но ние не смееме да дозволиме, тоа го должиме на нашите деца и нашите предци.
 
Да живее Богданци, да живее Македонија!
ПС. Ако треба и затварајте не, ќе лежиме, ама фашизмот ќе умре.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *