КУД „ТАНЕЦ“ ОД МИРАВЦИ НАСТАПИ НА 11-ТЕ РУСАЛИСКИ СРЕДБИ ВО СЕКИРНИК

WEB Телевизија во живо

Единаесеттата средба на русалиски групи од регионот се одржа во пресрет на празникот Успение на пресвета Богородица, на 27 август, во селото Секирник, во општина Босилово.
 
Пред публиката се претставија КУД „Русалии“ од село Секирник, КУД „Танец“ од Миравци, фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци“ „Копачка“ од Драмче, Делчевско, Средношколците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј, од Скопје и КУД „Јане Сандански“ од Неготино и групата „Пољаните“ од Петрич.
 
Димитар Иванов од КУД „Русалии“, изјави дека најважно е што мисијата на Русалиите за зачувување на уникатниот фолклор не само што продолжува, туку и се проширува.
 
Специфичнста во играта на русалиите е тоа што настапуваат со сабји, а единствено балтаџијата во десната рака носи секира. Се движат по двајца, а се како едно тело, две нозе, две раце, додека хиерархијата и дисциплината се на највисоко ниво.
 
Средбата на Русалиите финансиски е поддржана од општина Босилово, а традиционално се одржува пред празникот Успение на пресвета Богородица

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *