ГЕВГЕЛИСКИТЕ СОВЕТНИЦИ НА 14-ТА СЕДНИЦА ЌЕ РАСПРАВААТ, МЕЃУ ДРУГОТО, И ЗА КВАРТАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ЈПКД „КОМУНАЛЕЦ“

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 31 август, 2022 година. На 14 седница, Советот ќе расправа по Предлогодлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“, со кој Општина Гевгелија ќе аплицира на Oтворениот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија. 

Станува збор за проект со повеќе активности, а една од нив е изградба на фекална канализација во с. Милетково. Исто така, ќе бидат разгледани и Годишните планови за вработување на Општина Гевгелија, JОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, како и Годишните извештаи за работата во 2021/2022, Годишните програми за работа во 2022/2023 година и Годишните програми за екскурзии за 2022/23 година на општинските основни училишта. 

Од работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, на дневен ред на оваа седница ќе се најдат Кварталниот извештај за периодот 1 јануари-30 јуни, 2022 година, Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 и Годишниот план за вработување за 2023 година. Седницата ќе биде одржана во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *