ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ Е ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН ЗА ШВЕРЦ НА МИГРАНТИ ВО БУГАРИЈА

WEB Телевизија во живо

Гевгеличанец е прв случај македонски државјанин да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти, вели за МИА портпаролката на Регионалната управа на бугарското Министерство за внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева, по вчерашното приведување на 60-годишен возач од Македонија под сомнеж за шверц на 88 мажи, мигранти од Авганистан.
 
Товарниот камион и неговиот возач се приведени околу 06:45 часот. Превезувал само мажи со авганистанско потекло. Утврдено е дека истите биле натоварени во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас. Таму бил спречен од полициски службеници во приморскиот град.
За случајот е поведена предистражна постапка, објави агенцијата БТА.
 
Приведениот македонски државјанин е идентификуван како З.К и според податоците од неговата лична карта има 60 години и е од Гевгелија.
Тој е задржан од страна на бугарската полиција во 24-часовен притвор, а по истекот на овој период се очекува Јавното обвинителство во Бургас да му го продолжи притворот за уште 72 часа.
 
По приведувањето во полициската станица, З.К изјавил дека со него не контактирале шверцери на мигранти, туку дека тој ги качил Авганистанците затоа што му ветиле дека ќе му платат за превозот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *