ДРАГИ ХАЏИ-НИКОЛОВ УЧЕСНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „МИХАЈЛОВО 2022“

WEB Телевизија во живо

Со изложба на познатиот македонски ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов од Скопје која ќе биде отворена утревечер во 20 часот во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ свечено ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“.
 
На колонијата, меѓу другите 13 македонски уметници, ќе учествува и познатиот гевгелиски уметник, Драги Хаџи-Николов, со чија изложба „Етно записи“ беше отворена минатогодишната ликовна колонија „Михајлово 2021“
 
Оваа ликовна колонија со своето 26-то по ред издание претставува многу значаен сегмент од културното живеење на Кавадарци затоа што успеа да ги привлече да бидат нејзини учесници најеминентните имиња од современата македоснка ликовна сцена но и пошуроко од регионот. Така ќе биде и годинава бидејќи е најавено учество на вкупно 28 ликовни уметници од Македонија, Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Германија, Русија и Косово.
 
Организатор на колонијата е домот на културата „Иван Мазов Климе“ а финансиски е подржана од министерството за култура и општина Кавадарци. Оваа година уметниците од 20 до 25 август ќе создаваат уметнички дела во прекрасниот амбиент на вилата „Рума“ во селото Дабниште во непосредна близина на Кавадарци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *