ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА КОМАРЦИТЕ

WEB Телевизија во живо

И ТИЕ ИМААТ СВОЈ ДЕН. ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА КОМАРЦИТЕ, ПРЕНЕСУВАЧИ НА МНОГУ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ!

 
Денес е Светскиот ден на комарците. Верувале или не, но дури и овие досадни инсекти што не збудалуваат, особено во лето имаат свој ден.
 
Светскиот ден на комарците се одбележува на 20 август, во спомен на откритието на англискиот лекар Роналд Рос, кој во 1897 година утврдил дека женските комарци Анофелес се вектори на паразитот Плазмодиум, одговорни за маларија и се пренесуваат меѓу луѓето.
 
Способноста да се пренесат заразни болести ги рангира комарците меѓу најсмртоносните животни во светот, со неколку милиони смртни случаи секоја година. И појава на епидемии. На глобално ниво, тоа се првенствено болести како маларија, чикунгуја, инфекција со вирусот зика, денга и Западнонилска треска.
 
На Балканот се пронајдени 51 вид комарци, но само мал број од нив можат да бидат вектори за појава на инфекции со арбовирус.
 
Кај нас, во општина Гевгелија, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, и оваа година се организираа авионско и адултни прскања по земјен пат против комарци, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.
 
А колку е таа успешна, секој може да почувствува на своја кожа, особено во вечерните часови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *