ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

АНА ПАПАЛАЗОВА – УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2018-2022 ВО СОУ “ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ”.

Ана Папалазова, освен што постигнуваше континуиран одличен успех по сите наставни предмети, во текот на своето средно обравание учествуваше на 40-тина натпревари од различни области и има освоено над 30-тина награди.
 
Покрај регионалните натпревари по математика, физика, биологија и хемија, од кои секогаш се враќаше со освоени награди (меѓу кои прва награда по физика, неколку втори места по математика, второ место по хемија), има учествувано и на
многу државни и меѓународни натпревари.
 
Прва награда на Државниот натпревар по биологија 2021;
Златен медал на Интернационалниот математички предизвик IYMC 2019 и пласман во најдобрите 5% од натпреварувачите од цел свет;
Златен и сребрен медал на меѓународната Олимпијада по финансиска математика и актуарство ОФМА 2021 и ОФМА 2022;
Златен медал и прво место на Финалниот круг на Кенгур 2019;
Први места на државниот математички натпревар ПИ-ДЕН 2021 и 2022; трета награда на Државниот напревар по биологија 2019 и уште многу други награди и пофалници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.