ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

92 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АКАДЕМИК ГЕОРГИ СТАРДЕЛОВ

Токму вчера, на Голема Богородица, во Гевгелија, на 28 август 1930 година е роден академик Георги Старделов. Дипломирал на Филозофскиот факултет, на Катедрата за филозофија на Универзитетот во Белград (1953). Докторирал во филозофија на Универзитетот во Скопје (1965). 
 
Бил и прв декан на Интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Филозофското друштво на Македонија и на Југославија, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на македонскиот ПЕН центар.
 
Старделов беше почесен член на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите, како и професор гостин на неколку југословенски, европски и американски универзитети. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1986, а за нејзин редовен член во 1991 година. Во периодот 2000-2004 бил потпретседател, а 2008-2011 нејзин претседател. 
 
Раководител е на Лексикографскиот центар во МАНУ од неговото основање во 2000. Основач и претседател на еден од најпознатите, сеопфатни и значајни хуманистички и интердисциплинарни макро проекти на МАНУ „Историја и култура на Република Македонија” (од 1993 година).
Старделов беше плоден научен работник во повеќе дисциплини (филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.
 
По повод 60 годишното творештво на академик Георги Старделов и 80 годишнината од неговиот живот, градот на културата за 2011 Гевгелија, како негов роден град, во соработка со матичната библиотека „Гоце Делчев“ организираа портрет за творечкиот опус на оваа исклучителна фигура на македонската култура.
Академик Старделов почина во 2021 година, на 11 јануари, на 90 години.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.