24 МИГРАНТИ ОД СОБРАЌАЈКАТА КАЈ УДОВО БЕА ЗГРИЖЕНИ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА БОЛНИЦА А ПО САНИРАЊЕ НА ЛЕСНИТЕ ПОВРЕДИ СЕ ЗГРИЖЕНИ ВО ПРФАТНИОТ ЦЕНТАР „ВИНОЈУГ“

WEB Телевизија во живо

Повредените мигранти од синоќешната сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија, биле пренесени во гевгелиската и струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
 
-Мигрантите беа донесени со возила на итната медицинска помош од Валандово, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Вкупно беа згрижени 24 лица со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи констатирано е дека 22 лица се со полесни повреди и по санирањето лицата се испратени во Прифатниот центар „Винојуг“. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје. Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во нашата болница. Според информациите од колегите тоа е во добра здравствена состојба и ќе биде префрлен во Прифатниот центар, изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *