117 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ НА АТ-ПАЗАР ВО БИТОЛА

WEB Телевизија во живо

Во Битола, На Ат Пазар, на 30 август 1905 год (19 август по с. к.)., бил обесен војводата Александар Турунџев.
Тој е роден е во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.
 
За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.
Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.
По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското горско началство.
 
Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков за 150 жолтици. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година.
Турскиот суд во Битола на 29 август 1905 година го осудил на смрт, На 30 август 1905 година, Турунџев со пранги на рацете и нозете најпрво бил изложен на плоштадот во Битола.
 
Поворката тргнала од Саат-кулата, крај Безистенот, реката Драгор, па сè до Ат-пазар. Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде погубен. Кон поворката се приклучиле над 3000 битолчани.
Збунетиот поп пред егезкуцијата го прашал: „Кои се твоите последни зборови?“ Александар Турунџев се поткачил на некаков кош, го фатил јажето, ги подигнал очите кон небото и извикал: „Македонија ќе биде слободна!“ По извикот, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил. Неговиот гроб се наоѓа на битолските гробишта Света Недела. Вечна му слава!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *