111 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВОЈВОДАТА АПОСТОЛ ПЕТКОВ ТЕРЗИЕВ, „ЕНИЏЕВАРДАРСКОТО СОНЦЕ“. ТУРСКИОТ СУЛТАН МУ ПЛАЌАЛ ДА СЕ ПРЕПРАВА ДЕКА Е МРТОВ.

WEB Телевизија во живо

Апостол Петков е легендарен војвода на ТМОРО, кого населението го нарекло „Ениџевардарско Сонце“. Американскиот публицист Алберт Сониксен, А. Петков го именува како „македонски Робин Худ“ а Фредерик Ковач, го квалификува за „некрунисан крал на вардарските мочуришта“. За грчката писателка Пинелопи Делта, Апостол бил „невидливиот демон кој се чувствува на секаде, но не се гледа никаде“. Според Сониксен, портретот на Петков висел во секоја крчма во Бугарија. Името на Апостол Петков се среќава во весниците во Австрија, Нов Зеланд, Тасманија и САД. Во 1944, портретот на Апостол Петков се најде во рубриката „Верувал или не!“ на еден локален американски весник. Таму за него пишува: „Апостол Петков – човекот кој беше платен да се преправа дека е мртов. Познат македонски четник, кој со свои раце уби 2.400 Турци. Тој бил толку проблематичен, што турскиот султан му плаќаше 30.000 $ за да се преправа дека е мртов
 
На 15 август 1911, во селото Крушаре, Ениџевардарско, бил убиен Апостол Петков (наречен и како „Ениџевардарско сонце“) македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Апостол Петков е македонски револуционер и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Познат како Апостол или Постол војвода, тој ја започнува својата борба како ајдук против Отоманската империја кон крајот на XIX век, а во 1897 година станува член на Македонската Револуционерна Организација. Учествува во Илинденското востание во 1903 година Во текот на Илинденското востание, Апостол Петков водел неколку борби, од кои најголема била борбата на 12 септември 1903 на планината Пајак. Здружените чети од 100 души на чело со Апостол Петков и Иван Карасулијата го зазеле стратешкиот врв Гандач. Во судир со 1.200 турски војници од гарнизоните во Гевгелија и Гуменџе, македонските востаници без поголеми загуби успеале да го пробијат обрачот. Во oваа битка турската војска имала тешки загуби. Два дена потоа, востаниците на Апостол Петков имаа повторно судир кај Голема Чука. Во летото 1906 година, Војводата Апостол или Постол, се бори со четата на андартскиот капетан Костас Акритас и го опожарува грчкото село Ниси. Истата година четите на Апостол водат борби со андартите под командата на капетан Акритас, Аграс (поручик Телос Агапинос), Никифорос (идниот адмирал Јоанис Деместихас) и други. Во едно од овие борби капетан Аграс е фатен и обесен крај селото Владово (Аграс).Неговото име станува легенда меѓу македонскиот народ, кој го нарекува Ениџевардарско сонце. Англискиот писател Алберт Сониксен него ќе го опише како македонски Робин Худ. Роден бил во селото Бојмица, Солунско, во 1869 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “111 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВОЈВОДАТА АПОСТОЛ ПЕТКОВ ТЕРЗИЕВ, „ЕНИЏЕВАРДАРСКОТО СОНЦЕ“. ТУРСКИОТ СУЛТАН МУ ПЛАЌАЛ ДА СЕ ПРЕПРАВА ДЕКА Е МРТОВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *