ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО АВСТРАЛИЈА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е НАЈЗБОРУВАН ИСТОЧНОЕВРОПСКИ ЈАЗИК ВО ДРЖАВАТА

На 10 август 2021 година, заврши Пописот на населението и домување организирано од страна на Австралиското биро за статистика.
Меѓу другото, податоците од Пописот ги демонстрираат мноштвото култури и јазици кои ја сочинуваат Австралија преку обезбедување разновидни податоци како што се: земјата на раѓање, потеклото, јазиците што се користат дома и религиозната припадност.
 
Првичните резултати од тој Попис кои се однесуваат на клучните податоци за населението беа објавени на 28 јуни 2022 година. Подолу е слика од тие податоци што се однесуваат на македонската заедница во Австралија:
Податоците од Пописот покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.
Од последниот Попис во 2016 година (98.441) има зголемување од над 13% на лицата кои се идентификуваат дека имаат македонско потекло.
Околу 111.352 луѓе се идентификуваат со македонско потекло, при што 49.429 (44,4%) од тие луѓе живеат во Викторија и 43.775 (39,3%) живеат во Нов Јужен Велс.
 
Податоците покажуваат дека Австралија продолжува да биде културно и јазично разновидна земја која има собрано информации за над 250 видови на потекла и 350 јазици што се зборуваат во Австралија.
Вкупно 66.173 лица го зборуваат македонскиот јазик дома. Оваа бројка покажува благ пораст на податоците од Пописот во 2016 година, каде што беше објавено дека 66.019 луѓе зборувале македонски дома.
 
Македонскиот е најзборуваниот источноевропски јазик во австралиските домови. Тоа е јазикот што македонските Австралијци слободно го избираат да го зборуваат, негуваат и чуваат во своите домови. Во клучен момент во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кога Бугарија користи секаква политика за да го понижи македонскиот јазик, податоците од австралискиот попис зборуваат многу за неговото значење за многумина во македонската австралиска дијаспора.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.