СО ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ ЗАВРШИ МУЗИЧКИОТ ФЕСТИВАЛ „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ 2022“

WEB Телевизија во живо

„ЕВРОПОРТА ФЕСТ- 2022“, дводневниот музички фестивал со натпреварувачки карактер, во организација на Здружението „Внимание“- Гевгелија. По четиримесечната подготовка и работа со деца од општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Струмица, под менторство на професорот по виолина, Маја Зафирова, на двете фестивалски вечери 11 музички таленти го презентираа својот вокал на финалето пред многубројната публика со интерпретација на домашна и странска музика.
 
Гласовните способности беа оценувани од страна на стручна жири-комисија, која во состав на: Александар Бончев, Костадин Издушнов, Елисавета Бончева и Младен Костадинов, донесе одлуки за награди во повеќе категории. Имено, на првата фестивалска вечер, на која дечињата учествуваа со соло настапи, Слободанка Арнаудова од Богданци и Ивана Коколанска од Валандово го делеа првото место, второто место- Кире Ефтимов и Стефанија Ицовска од Струмица, а третото место- Дијана Јакимова и Марија Папучиева од Гевгелија.
 
Во категориите дуети и квартети, на втората фестивалска вечер, за најдобри беа прогласени дуетите Ивана Коколанска и Слободанка Арнаудова и Нина Јованова и Анастасија Зафирова. Второто место им припадна на квартетот во состав на: Дијана Јакимова, Билјана Дуева, Марија Папучиева и Ангела Зафирова и дуетот во состав на: Кире Ефтимов и Стефанија Ицовска, додека третото место го делеа дуетите во состав на: Дијана Јакимова и Марија Папучиева, Билјана Дуева и Ангела Зафирова и Ели Бојманлиева и Нина Јованова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *