РАСТЕ БРОЈОТ НА ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ ОД КОВИД 19 ВО ГЕВГЕЛИЈА

Како што информира Институтот за јавно здравје на Република Македонија, нашата држава е во фаза на широка трансмисија, подниво 1, со соодветни капацитети за одговор.
Регистрирано е зголемување на инциденцата во последните две недели во 24 градови, со најголемо зголемување во Пробиштип, Велес, Гевгелија и Делчево.
 
Од Центарот за јавно здравје Велес, Подрачна единица Гевгелија за Тв Нова 12 изјавија дека од вкупниот број на тестирања што се прават изминативе неколку денови кај нив, позитивноста се движи околу 50 проценти.
 
Поради новонастанатата ситуација, од Општата болница со проширена дејност апелираат до граѓаните кои имаат симптоми на Ковид-19, најпрво да се обратат кај своите матични лекари, кои ќе препорачаат, според клиничката слика, амбулантно лечење или упатување на специјалистички преглед.
 
Од таму исто така не известија дека од вчера, понеделник, 11 јули 2022 година во Пунктот за вакцинација е започнато со аплицирање на четврта доза на вакцината против Ковид-19, која е препорачлива да ја примат, особено повозрасните граѓани и лицата со коморбилитет, во пресрет на овој најнов петти бран. Четвртата доза, која е на доброволна основа може да се прими 4 месеци по примањето на 4-та доза или по прележувањето на ковид-19.
 
Исто така препорачливо е граѓаните да се придржуваат до оние основни мерки за заштита од овој вирус, да држат физичка дистанца, да носат маски во затворени големи простории, и во јавниот превоз.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *