ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ОД ДЕТСКАТА ЛИКОВНА ШКОЛА

WEB Телевизија во живо

На платото пред Народниот театар- Гевгелија, синоќа, во рамките на „Гевгелиско културно лето“ беше отворена Завршната изложба на ликовни дела, творени од четириесетте деца кои беа дел од Летната ликовна школа при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија во периодот од 1 до 15 јули. 
 
На изложбата беа претставени детски цртежи со различни техники на сликање како: акварел, темпера, колаж, гваш и неколку експериментални техники, под менторство на раководителот на Летната ликовна школа, ликовен уметник м-р Александар Јанев.
 
– Пред Театарот, боите на природата ги дополнивме со шарените цртежи на вредните деца кои покажаа исклучителен талент и вештини за сликање, збогатувајќи го знаењето за ликовната уметност. На тој начин, ја постигнавме и нашата цел, Летната ликовна школа да биде забавно-едукативна училница за време на летниот распуст, на која децата од општина Гевгелија ќе го поминат своето слободно време во дружење и сликање. Нивната имагинација да ја пренесат на хартија, а на крајот тоа да биде презентирано пред очите на јавноста, истакна наставникот,магистер Александар Јанев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *