ЦРВЕНИОТ КРСТ И ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ДЕЛАТ ВОДА И ЗАШТИТНА ОПРЕМА НА ГРАЃАНИТЕ ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН

Од вчера територијата на целата држава ја зафатија високи температури и портокалова фаза на алармирање за топлотен бран. Општина Гевгелија во соработка со Црвениот крст- ОО Гевгелија, поради портокалова (алертна) фаза, започна со акција за делење вода и заштитна опрема на граѓаните на неколку пункта во Гевгелија.
 
Општина Гевгелија ја поддржа акцијата за справување со топлотниот бран кој ја зафати Гевгелија, со која волонтерите од Црвениот крст дистрибуираа вода и капи на граѓаните, на Градскиот пазар и Градскиот плоштад. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, најави дека и во иднина Општина Гевгелија во рамки на нејзините можности, а во соработка со Црвен крст- ОО Гевгелија, ќе продолжи со ваквите превентивни активности за справување со летните горештини.
 
Општина Гевгелија упатува апел до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, да се заштитат од директна сончева изложеност и да избегнуваат престој на отворено, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот кога температурите во Гевгелија го достигнуваат пикот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *