„БРЕЈК А ЛЕГ“ – ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ ВО ХИП ХОП!

WEB Телевизија во живо

Најуспешниот македонски хип хоп клуб,„Break a Leg“ кој брои повеќе од 400 членови, се закити со три титули на Европското првенство во хип хоп 2022 на кое учествуваа над 1800 танчери, од 21 земја од Европа.
 
Имено, танчерите од „Break A Leg“ се прогласени за Европски шампиониво категорија хип хоп бетл за деца и возрасни,како и Европски Вицешампиони во категорија деца-формации, во конкуренција на 11 репрезентации.
 
Следен предизвик за танчерите од „Break a Leg“ е Светското првенство во хип хоп, кое ќе се оддржи во Австрија.
 
„Break a Leg“ заедно со „Eat the Beat“ се организатори и на Европското првенство во џез – модерен и класичен балет, со што нашата земја повторно ќе ги обедини најдобрите од најдобрите танчери од Европа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *