ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ НА ТУРНЕЈА ВО ПОЛСКА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Ансамбл БОЈМИЈА продолжува со своите активности и на меѓународен план. Во периодот од 11-17.07.2022 год, ќе учествува на 19-тиот по ред Меѓународен фолклорен фестивал “Еурофолк 2022” кој ќе се одржи во полскиот град Замошч, фестивал кој е под покровителство на градот Замошч и на CIOFF (меѓународна организација за фолклор). На фестивалот ќе земат учество повеќе фолклорни ансамбли од голем број земји од светот, и каде пред тамошната публика , „Бојмија“ ќе се претстават со игри и песни од нашата земја а со тоа и ќе го промовираат уште еднаш македонскиот фолклор, општина Гевгелија и државата Македонија. Истотака по покана од македонско здружение “Вардар” од Брчко, Босна на ден 09.07.2022 год, тие организираат целовечерен концерт во Дом на култура во Брчко.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.