53 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ КОГА МЕСЕЧИНАТА ЈА ИЗГУБИ СВОЈАТА „НЕВИНОСТ“. НИЛ АРМСТРОНГ ГИ НАПРАВИ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА МЕСЕЧИНАТА

WEB Телевизија во живо

На денешен ден во 1969 година, американскиот космонаут Нил Армстронг стапнал на површината на Месечината. Тој е првиот човек кој стапнал на површината на Месечината. По триесеттина секунди тоа го сторил и Едвин Олдрин. Овој потфат бил реализиран со американскиот вселенски брод „Аполо 11“ и со помош на неговото лунарно возило „Орел“ и космонаутот Мајкл Колинс кој за тоа време кружел околу орбитата на Месечината со матичниот брод „Аполо 11“. Притоа Нил Армстронг ја изговорил историската реченица: „Тоа е мал чекор на човек, но голем скок на човештвото“.
 
Вселенското летало Аполо 11, било лансирано на 16 јули 1969 година, од космодромот Кејп Кенеди во САД. Екипажот бил составен од Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин (Баз) Олдрин. На 20 јули, Нил Армстронг и Едвин Олдрин се спуштиле на Месечевата површината со што ги направиле првите „месечински“ чекори во историјата на човештвото (за тоа време Мајкл Колинс во модулот орбитирал околу Месечината). Повратното патување до Земјата започнало на 24 јули 1969 година, а екипажот се спуштил во Тихиот Океан. Со оваа мисијата, тие ја зацврстија позицијата на САД како водечка вселенско-технолошка сила, со постигнување на навидум невозможна цел за навидум невозможен временски рок. Оваа мислија првично била потикната од ривалството на САД со Советскиот Сојуз, а сега се памети како иконичен момент низ целиот свет. Аполо 11, всушност ја исполни визијата на Американскиот претседател Џон Кенеди за освојување на Месечината од страна на САД, пред Советскиот Сојуз, односно до крајот на 1960-тите.
 
Без оглед на сето претходно, одреден процент од светското население е скептично околу тоа дека Нил Армстронг бил првиот човек кој стапнал на Месечината. Уште од 1970-тите, НАСА постојано дава свои објаснувања и докази за успешноста на мисијата, но сепак, разните теории на завера како да се зацврстуваат. Меѓу нив, најактуелна е онаа дека слетувањето на Месечината било снимено во некое од холивудските студија и дека воопшто не се случило. Некои дури се убедени дека тогаш НАСА немала искуство, ниту пак технолошки вештини за да ја изведе мисијата, а доколку имала, космонаутите би биле спржени од космичките зраци. 

Се споменуваат и „доказите“ со чудните сенки од разни правци забележани на првите снимки од Месечината, потоа виорењето на Американското знаме во услови кога нема воздух, снимките со темно небо без ѕвезди и слично. Од друга страна пак, постојат докази кои го тврдат спротивното, а за да биде уште поуверливо, во 2009 година НАСА испратила сонда да кружи околу Месечината, која испратила снимки од стапки и траги од тркала на површината. Како и да е, се чини сигурен факт е дека човекот некогаш стапнал на Месечината, а дали тоа било со Аполо 11, или некоја од подоцнежните 5 мисии, оставаме на вас да одлучите во што ќе верувате.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *