ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА „НОВОПЛАНИРАНА 9“

WEB Телевизија во живо

Започна изградбата на улицата „Новопланирана 9“,
во Урбан блок 10.2, во Гевгелија. Станува збор за поголем крак кој ги поврзува градежните парцели со намена домување во станбени згради со улицата „7 Ноември“, во северниот дел на градот. На улицата ќе се изведуваат градежни работи за асфалтирање и уредување на тротоарите со поставување бетонски рабници. Должината на улицата изнесува околу 90 м. Изградбата на улицата е со средства од Општинскиот буџет, од Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2022 година.
Изградбата на оваа улица претставува важно сообраќајно решение во северниот дел каде се шири градот, со што ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *