ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО-СПАСОВДЕН

WEB Телевизија во живо

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ГЕВГЕЛИЈА, ХРИСТОС СЕ ВОЗНЕСЕ
 
На свечената Златоустова литургија утринава, во светиот храм, манастирот Свети Спас во Гевгелија, со која чиноначалствуваше отец Љупчо Миланов, присуствуваше и градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, општина која го има Спасовден за свој заштитник.
 
Осветувајчи го традиционалниот Спасовденски колач, отец Миланов порача:
 
„Градоначалниче, нека ова биде за спасение ваше и на целата општина. Да се молиме за здравје и спасение за сите православни христијани кои живеат во неа, но и за сите оние кои иако не се православни христијани, дошле во Гевгелија да си најдат свој дом.“
 
Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото.
Откако ја исполни промислата за наша полза,
и земното го соедини со небесното,
се вознесе во слава, Христе Боже наш,
без да се разделиш од нас, но останувајќи секогаш со нас, и повикувајќи им на оние
што Те љубат:
Јас сум (секогаш) со вас,
и никој ништо против вас не може

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *