ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОД ПРИМЕНИ 5842 БАРАЊА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ, РЕШЕНИ СЕ 5338

WEB Телевизија во живо

Во одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година доставени се барања за утврдување на статус на бесправно изградени објекти, беше кажано на денешната 11-та седница на Советот на Општина Гевгелија.
 
Примени се вкупно 5842 барања, за кои е постапено согласно Законот за бесправно изградени објекти, од кои во дадениот временски период се решени 5338 барања, а останати за решавање, односно во процедура, се 504 барања
 
Според гевгелиските урбанисти, на овие 504 барања претежно им недостасува геодетски елаборат неплатен комунален надоместок,или пак друга неопходна документација.
 
Инаку,важноста на Законот за легализација е до 3 март 2026 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *