ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ТРИ МЕДАЛИ ЗА „МОБИЛНОСТ“ ГЕВГЕЛИЈА НА 34-ТЕ СПОРТСКИ ИГРИ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ

Од 16-19.06.2022 година во Струга и Охрид, се одржаа 34-те по ред Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија со учество на преку 80 спортисти од нашата држава. Конечно се врати расположението и стариот формат на одржување на игрите, според кој спортистите поред натпреварите, имаа доволно време и за дружење. Учесниците беа сместени во хотел „ГАЛЕБ“ во Струга, а натпреварите се одвиваа на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид – стрелаштво, малата сала на ОУ „Јосип Броз Тито„ во Струга – пинг понг, и на стадионот „Биљанини Извори“ во Охрид – атлетски повеќебој.
 
Екипата на Мобилност Гевгелија се враќа од 34-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет во Струга со три медала. Никола Пеев го освои првото место во дисциплина атлетски повеќебој мажи 36-38 42-44 и општа, а во истата категорија Александар Талески го освои третото место. Во категоријата атлетски повеќебој жени седење 54-57 Даниела Гошева Кангов го освои третото место. Им честитаме и на другите учесници од Мобилност Гевгелија, Илчо Кангов во пинг понг и Марко Лазаров во атлетски повеќебој кои обезбедија директен пласман на следните спортски игри. Се одигра и пријателски фудбалски натпревар со ветераните на Пелистер Битола на кој учествуваа Никола Пеев и Александар Талески.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува tvnova12.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.