ОГРАНОЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ОД ГЕВГЕЛИЈА И БОГДАНЦИ ОРГАНИЗИРААТ ПРОТЕСТ ПОРАДИ ЛОШАТА СОСТОЈБА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ГЕВГЕЛИЈА-БОГДАНЦИ

WEB Телевизија во живо

Ограноците на Левица од Богданци и Гевгелија ги повикуваат граѓаните на протест во недела, на 26 јуни 2022 година во 18.00ч на регионалниот пат Р1109.
 
„Регионалниот пат Р1109, од Гевгелија до Богданци, е во катастрофална состојба. Поради тоа истиот не е безбеден за сообраќај, а како резултат на тоа само во последните пет години на истиот во сообраќајни несреќи животот го загубија десетина луѓе.
 
Патот воедно е и причинител на огромни материјални штети по автомобилите на нашите сограѓани кои секојдневно возат по овој пат.
Надлежна институција за реконструкција на овој пат е Јавното претпријатие за државни патишта кое е основано и е под контрола на Владата на Република Македонија.
 
Од Општина Гевгелија и Општина Богданци, на чија територија се наоѓа овој државен пат, има три пратеника во Собранието на Република Македонија. Две се пратеничките Драгица Ѓавочанова-Пратеник и Марија Костадинова од СДС, а третата пратеничка е Ангелинка Петкова од опозиционата ДПМНЕ.
 
Апелираме до нив да одработат нешто за нивните сограѓани кои им доверија пратенички мандат. На нив како пратенички сите врати од сите државни институции им се отворени и воопшто нема да им биде тешко да излобираат за реконструкција на овој пат. Ова особено важи за пратеничките од СДС од чии гласови директно зависи опстанокот на оваа власт под чија контрола е Јавното претпријатие за државни патишта.
 
Во Годишниот план за работа на ЈП за државни патишта за 2022 година веќе е предвидена реконструкција на овој пат. Но половина година помина, а од рекoнструкцијата уште ништо.
Протестот ќе се одржи на патот Р1109, на раскрсницата помеѓу Ѓавато, Богданци и Стојаково, пред бензинската пумпа Шимов“, информира Левица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *