ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НОВА ПРЕТСТАВА „ИМЕ“ ВО ПРОДУКЦИЈА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „МАКЕДОНИЈА“

Во четврток, на 23 јуни 2022 година, со почеток од 20 часот, во Народниот театар ве очекува нова премиера во продукција на Дом на култура „Македонија“. Се работи за комедијата „Име“ од Александар де Ла Пателиер и Матие Делапор.
 
Претставата Име е комедија на ситуации во чиј центар лежи филигранска вивисекција на „непотребните“ расправии во едно семејство. Овој драмски текст, кој на француски носи наслов Le prenome, има доживеано и успешна екранизација на филмското платно во Франција.
 
Дејството во претставата Име е адаптирано за едно македонско современо семејство. Дејството се одвива во станот на сопружниците Бети и Петар, каде секојдневието тече со „нормално“ темпо на живеење, сè до моментот кога Виктор, братот на Бети, како иден татко, свечено но „зајадливо“ ќе го објави името на својот нероден син.
 
Токму луцидната постапка со изборот и најавата на фамозното име ќе нè воведе во канонада од недоразбирања во конкретното семејство, во кое расправијата за тоа кое име е прифатливо за детето на Виктор и Ана ќе доведе до уште поголеми комични заплети. Во претставата, како дел од семејството се и Тони, нивниот пријател од детството, и Ана, сопругата на Виктор.
 
Две работи нè забавуваа: тоа што изборот на името е толку чувствителна тема, бидејќи кажува многу за себе и за она што некој го проектира за себе, и дека сме изненадени, нас, што овој избор на бизарни имиња го прави луѓето реагираат“, објаснува еден од писателите Александар де Ла Пателиер.
 
Матие Делапорте, вториот од двајцата автори додава „Сакавме да пишуваме за семејството и оваа афера со името отвора вистински прозорец на општеството. Без разлика дали е класичен или оригинален, во секој случај тоа е избор во однос на другите. Силно ги ангажира оние што го даваат, како и оној што го прима. Таму има семејна, религиозна, социјална димензија која, всушност, го осудува вашето дете доживотно, дури и ако тоа е направено со љубов на почетокот.
 
Режијата на оваа интересна претстава е на Катица Џишева Дупарова, а улогите ги толкуваат Катерина Петковска, Лазе Николов, Силвестер Проле, Влатко Сапламаев и Тијана Ристовска.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува tvnova12.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.